Нема јунак кој ќе ја урне дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“.

По двата пропаднати тендери на кои не се пријави ниту една фирма денес општина Чаир реши да ги зголеми финансиските средства на новиот, како можна мотивација повеќе за да успее третиот обид. Се уште не е познато колку ќе тежи понудата на Општината.

Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина Чаир пристапува кон зголемување на проценетата вредност на јавната набавка како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката. – Општина Чаир.

Од општината за Канал 5 изјавиле дека, согласно одредбите од Законот и новата постапка која ќе се отвори, ќе биде без никакви ограничувачки критериуми.

Дивоградбата е веќе со недели трн во очите на скопјани, додека Обвинителството и Министерството за внатрешни работи веќе месец и половина трагаат по мистериозниот градител. Изминатата недела од министерството соопштија дека постапиле по барањата на обвинителството, барајќи информации од останатите надлежни институции, па штом ги добијат ќе ги достават во Обвинителство.

Од досегашната истрага, познато е дека МВР пред една недела доставиле докази до Обвинителството, бидејќи имале основни сомневања кој стои позади градбата кај „Мавровка“. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави