„Нема недопирливи“ – Заев и Николовски објавија антикорупциски план

Заев рече дека сериозно ги зеле предвид забелешките на „Транспаренси интернешнл“, а со овој план ќе ги охрабрат граѓаните и медиумите гласно да зборуваат за корупцијата, со цел воспоставување ред, правда и дисциплина

Вицепремиерот Николовски најави и измена на десетина закони со цел да се олесни процедурата за вадење изводи и документи

Обемен антикорупциски план со многу точки и чекори, кој им дава задолженија и обврски на институциите, најавија денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски. Велат дека планот е производ на политичка волја и дека со него треба да се демонтира корумпираниот систем наследен од претходната влада на Никола Груевски.

Антикорупцискиот план бил усвоен на денешната редовна седница на Владата.

Заев потенцираше дека сериозно ги зеле предвид забелешките на „Транспаренси интернешнл“, а со овој план ќе ги охрабрат граѓаните и медиумите гласно да зборуваат за корупцијата, со цел воспоставување ред, правда и дисциплина.

„Одлучни сме и дојдено е времето во целост да ги демонтираме режимските остатоци кои го скапуваат системот, а да ги воздигнеме службите кои чесно им служат на граѓаните. За ваквите злодела, против претходната криминална власт, денеска се водат судски постапки, некои се осудени, некои сè уште се судат. Додека тие одговараат пред лицето на правдата, ние продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци во системот“,

рече Заев.

Тој најави дека наскоро ќе има унифицирани веб-страници на министерствата кои ќе бидат услужно ориентирани и според највисоките стандарди за транспарентност, како и дигитализација на Јавното обвинителство, како и истражните центри во рамки на основните јавни обвинителства, заедно со Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Се воспоставува и електронски систем за инспекција ‘Е-инспектор’ кој овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на Инспекцискиот совет, а со овој систем значително се елиминира човечкиот фактор и субјкетивниот пристап во водењето на предметите“,рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави