Нема солгласност меѓу власта и опозицијата за онлајн гласање на пратениците

Во четврток пратениците се очекуваат да расправата за измени на собранискиот деловник, со кој на пратениците заразени со ковид-19 или се во изолација да можат да гласат онлајн.

„Собранието на пратеникот ќе му овозможи употреба на безбедна информациско-комуникациска технологија за учество и одлучување на седница на Собрание од далечина  која овозможува пренос и снимање на слика и звук или само на звук со квалитет од кој со сигурност може да се утврди идентитетот на пратеникот кој на седницата учествува надвор од Собранието“, се вели во предлогот за онлајн гласање на пратениците.

Пратеничката група на владејачката СДСМ смета дека фунционално, наспроти блокирано Собрание во секоја смисла, е интерес на сите граѓани.

„Се надеваме дека сите пратеници ќе ја поддржат измената на Деловникот со цел и во вакви тешки услови да можеме да функционираме како што функционираат сите парламенти во светот, вели координаторот Јован Митрески. 

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат декапредлогот е против уставен, асличен став имаат и од Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Единствена причина за онлајн гласање е малото мнозиство кое го има власта во Собранието, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„62 пратеника е далеку од солидна бројка за да може за да може непречено да работи владејачкото мнозиство. Затоа потребен е дијалог  и приоритети, кои закони ќе бидат ставени на пленарн и седници“, вели Мицевски и додава дека се отворени да учествуваат на расправите за закони поврзани со справување со здравствената и економската криза.

Не може деловникот да се менува без консензус во Собрание, вели координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

„Ако Џафери и мнозиството го наметнуваат тој деловник тогаш е непотребно ние да одиме во Собрание“, вели Реџепи.

Иако предлогот е ставен во агендата за оваа седмица, не се знае кога би бил донесен, со оглед на тоа што за промена на Деловникот се потребни 61 глас.

Total
0
Shares
Поврзани објави