Нема влез во Грција до 15 август

Грција ја продолжи забраната за воздушни и морски врски со Северна Македонија, Турција и Албанија до 15 август, соопшти грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас.
Мерките кои што денеска ги соопшти Хардаљас се продолжувањето на прекинот на авионските и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, до 15 август 2020 година и одлуката што се однесува на границите.

Одлуката за копнените врски (граничните премини за влез / негативен ПЦР тест не постар од 72 часа) и за негативен ПЦР-тест за оние што пристигнуваат авионски од Бугарија, Романија и САД, се продолжува до 15 август.

Хардаљас рекол и дека од 1 до 31 август задолжително е носење маски во сите затворени простории, се забрануваат посети во домовите за стари лица и во болниците и се воведуваат ограничувања од 100 лица на свадби и други веселби во согласност со сите тековни здравствени правила.

Total
0
Shares
Поврзани објави