Неподвижен скопјанец гладен и жеден се дави во своите фекалии

Скопјанец кој живее на улица „Паризански одреди„, бр 1716/2-34 околу еден месец е оставен сам на себе, неподвижен и не може да се грижи за себе. Оваа страшна приказна со неговите фејсбук пријатели ја сподели неговиот комшија, Павле Славковски, кој јавно ги повикува институциите да преземат нешто.

„Нема блиски роднини во Скопје, само една братучетка од Јосифово која повремено доаѓаше на неколку дена и се грижеше за него додека не се откажа дефинитивно минатиот петок. Човекот буквално ги вдишува своите фекалии и веројатно е гладен и жеден. Не е можно да се влезе во неговиот стан заради одвратната миризба“, пишува Славковски.

Тој вели дека се известени сите надлежни институции, кои дошле на лице место, ама без никаков ефект.

„Се обидов пред малку да стапам во контакт со некои од поголемите телевизиски куќи ама не креваат слушалка. Ги замолувам моите фб-пријатели да го споделат ова со надеж дека ќе проработи нечија совест и ќе се најде некој надлежен да реагира затоа што никој не заслужува така мизерно да го заврши својот живот„, повикува Славковски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави