Неподвижна мајка на две деца болна од Кронова болест не ја примат во болница

Дваесет и осум годишна мајка на две деца од пет и две години, боледува од Кронова болест, не може да стане од кревет и има рана на левата нога, а е оставена да се мачи во домашни услови, затоа што немало доволно капацитет да биде примена на болничко лекување, пренесува Република.

Како што реагира отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“, тој и другите од организацијата и помагаат колку што можат, но за жената е неопходно да биде хоспитализирана и да добива професионална медицинска помош.

Затоа Петровски јавно апелира до кинистерот за здравство, Венко Филипче, да реагира и да се најде решение да и се помогне на Драгана и на нејзините две деца, а не тие да бидат игнорирани од државата и препуштени самите на себе.

Драгана е 28 годишна мајка на две дечиња кои имаат 5 и 2 години… Боледува од Кронова болест, но и страшна рана (не сум лекар, но мислам дека е гангрена) на левата нога. Живее со огромни болки и се лекува во домашни услови затоа што (замислете!!!) нема доволно капацитети да биде примена на болничко лекување. Таа е целосно изнемоштен од болките и не е во состојба да станува од кревет… Нашата хуманитарна организација вчера ја посети Драгана и благодарение на наш поддржувач од Германија купи преврски за три дена, но…

Лекувањето во домашни услови е невозможно финансиски (за три преврски дневно се потребни над 1600 денари), но и од практични причини (преголем болка, дури и при најнежен допир). Оваа мајка не може да си ги прегрне децата од болки… А нашата држава не е во состојба да помогне!!!

Простете, но вие сте ДОЛЖНИ веднаш да реагирате и да и помогнете на оваа наша сестра!!!
Венко Филипче, дали ќе дозволите да продолжи агонијата на оваа жена? Дали ќе преземете нешто за таа да може да го продолжи својот живот и да ги израсне своите деца? Или ќе ја игнорирате и ќе ја оставите со нејзините болки?

Покажете и докажете дека навистина ја почитувате Хипократовата заклетва и реагирајте веднаш!!! – реагира Петровски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пониски цени на горивата

Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот, кој поевтинува четири денари во…