Невреме на повеќе места, облачно ќе биде до крајот на денот

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи, локално и во форма на невреме попладневно зафати повеќе места во земјава. Нестабилно време со локален дожд и грмежи го зафати гевгелиско – дојранскиот регион, како и скопската котлина, каде што локално имаше и краткотрајно невреме со пообилен дожд и појава на град.

Во Гевгелија според мерењата на УХМР наврнати се 30 литри на метар квадратен, 16 Демир Капија, 14 Тетово, 12 Берово и девет литри во Струмица.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во наредните денови ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина маестро Кире Костов

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни…