Незадоволство во ДУИ за предлогот Артан Груби да биде министер

Медиумските шпекулации дека Артан Груби ќе биде предложен за вицемремиер и министер за политички систем предизвикал незадоволство во рамките на ДУИ, посебно ограниоците од Тетово и Скопје, известува агенцијата Журнал.мк.

Журнал пишува дека на денешниот состаноок на партискиот врв, во кој треба да се одобрува коалицијата со СДСМ и да се утврдат кандидатите за министри, се очекува жестоко да се спори предлогот Груби да биде предложен за вицепремиер и министер за политички систем.

Наводно тројца пратеници на ДУИ веќе му најавиле на Али Ахмети дека нема да гласат во Собранието за изборот на Груби за вицепремиер и министер.

Според агенцијата, изборот на Груби за министер ќе предизвика поделба во огранокот на ДУИ во Чаир затоа што тие не можат да му простат заради неговите блиски односи со поранешниот шеф на македонското разузнавање, Сашко Мијалков. Р.Д.  

Total
0
Shares
Поврзани објави