Ниски температури – жолта фаза – препораки од лекарите

Целата територија на нашата држава е зафатена со пониски температури –земјата влезе во  жолтата фаза.

Температурите ќе бидат исклучително ниски и тоа минималните од -18 до -7, а максималната од -3 до 5 Целзиусови степени

Бранот поларен студ што денеска ќе ја зафати земјава ќе нѐ стави во т.н. „жолта (алертна) фаза“ со ниски температури до минус 18 Целзиусови степени.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде ведро и студено, преку ден сончево со мала облачност и со слаб северозападен ветер.

Но, затоа температурите ќе бидат исклучително ниски и тоа минималните од -18 до -7, а максималната од -3 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Ниски утрински температури и малку повисоки дневни се очекуваат до сабота, кога уште преку ден и во текот на ноќта кон недела ќе има локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините.

Поради ниските температури, Министерството за здравство издаде препораки против премрзнување – повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напивки, а не алкохол.

Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини

Total
0
Shares
Поврзани објави