Ниту на Беса, ниту на независните на кој му зборувал Заев во бомбата на Милошоски?

Во вечерашното издание на емисијата „Што не е јасно?“ каде гостуваше обвинителката Вилма Русковска новинарот и водител, Саше Димовски објави ексклузивна информација за снимките кои ги објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој истакна дека оној кој што снимал е обвинетиот во „Империја“ и рекетиран од страна на власта, Цветан Панделевски.

На овој начин новинарот го поврза Зоран Заев директно со случајот „Рекет“.

Добивте две снимки минатата недела, денеска дел ги искоментиравте. Му порачавте на Антонио Милошоски кој ви ги предаде снимките да предложи и сведоци. Рековте дека нема да барате од Владата кој се влегувал во тие 30 дена на месец мај на средби со премиерот тогашен Зоран Заев, за тоа кој влегувал во Владата за да видиме дали е тоа автентично. Ако јас вечерва ви речам дека на една од снимките на која премиерот зборува за ситуацијата во Врховниот суд, му објаснува според моите сознанија, на Цветан Панделевски. Цветан Панделевски утре ќе се појави како сведок во постапката „Рекет“, дали ќе го прашате дали тој бил на средбата со премиерот, запраша Димовски.

Утре не можам да го прашам, одговори Вилма Русковска.

извор: kurir.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави