Ноќните клубови бараат помош во висина од 30 отсто од бруто приходот

На сопствениците на ноќните клубови владата им нуди финансиска помош во висина од три месечни кирии откако беа воведени нови ограничувања на работното време.

Ваквиот предлог за Здружението на ноќните клубови е срамна и навредлива.

„После 8 месеци без ниту еден работен ден, без никаква надеж и најава за наше отварање, после сите образложени трошоци со кои се соочуваме секојдневно да ни се понуди финансиска помош од само 3 кирии е апсурдно“, велат сопствениците на клубовите.

Тие бараат помош во висина од 30 отсто од бруто приходот на секој лиценциран објект за месеците во кои немаат работено и за месеците што нема да ги работат во иднина за да можат да ги сервисираат настанатите долгови.

Според нив, ваквата помош е неопходна за да можат и во иднина да ги сервисираат обврските и да преживуваат.

„Нашиот праг на толеранција е веќе поминат и оваа понуда од страна на Владата на Република Македонија ќе биде проследена со масовни протести и тужба кон државата за настанатата штета и нарушеното Уставно право да работиш и да заработуваш“, предупредуваат тие.

Здружението го известува премиерот Зоран Заев дека долговите настанати од присилното затворање, е загрозена екзистенцијата на нивните семејства.

Total
0
Shares
Поврзани објави