Нов шок во мак-ракометот: Почина ракометар од Скопје

Македонската ракометна јавност доживеа нов шок, откако на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

Првичните информации за причините за смртта на Божиновски е срцев удар, кој ракометарот го добил во сон. Божиновски е ракометна творба на Металург, а во Бутел Скопје се пресели пред две сезони. Зад името на Божиновски стоеаја настапи во кадетската и јуниорската репрезентација.

Пред неполна недела на 24 години почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.

Total
0
Shares
Поврзани објави