НОВА АУДИО БОМБА ОД КОНГРЕСОТ на СДСМ- делегатот Митревски од Центар: Го сменивме Стојко Пауновски затоа што работеше по словото на законот

Не само Радмила Шекеринска, туку и Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот конгрес на СДСМ го критикувал раководството на партијата поради разрешувањето на Стојко Пауновски.

Оваа нова аудиоснимка излезе на твитер профилот наречен како Реформи во СДСМ. 

Некои јазици на шег велат дека очигледно целиот затворен дел од конгресот на СДСМ бил сниман.

А еве што говорел Владимир Митревски. 

„Нека извини пред хиерархијата, хиерархијата е, меѓутоа ако хиерархијата тера да правам нешто што четири години сум го зборувал дека сум против тоа. Имајќи во предвид дека вработените не мора да идат на работа, што сме направиле? Од шупље во празно. Ве молам таа грешка колку што може да се исправи, поради тоа што да кажеме едно образложение пред луѓето, пред граѓаните дека нема да ги менуваме тие што навистина работат по словото на закон. А човекот работеше по словото на законот бидејќи го познавам долги години уште како претседател на општинската во Тетово, каде што за време на изборите, активности имав и ги знам луѓето“, се слуша како вели Митревски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Што соопшти Ахмети

Дуи го менува правецот , откако се избори за правадата на албанците сега ќе се бори за економија,…