Нова кавга во судница Кацарска го барала Дуковски, тој тврди имал интервенција на синуси

Доказите од МВР со назнака „доверливо“ кои беа предложени од обвинетите Митко Чавков и Душко Лазаров во постапката за „27 април“ стасаа до судот. Судијката Добрила Кацарска пред почетокот на денешното рочиште извести дека вчера и завчера ги доставила доказите до бранителот на Лазаров, како и до обвинетиот, но не успеала да стапи во контакт со адвокатот Сашко Дуковски кој го застапува обвинетиот Митко Чавков.

Таа појасни дека го барала неколку пати по телефон од судската централа но и од мобилниот телефон. Тој не одговорил на ниту еден повик за што го прекори и денеска на рака му предаде огромен куп материјали. Дуковски и одговори на висок тон дека нему пак никој не му одговорил на централата од судот ,а на мобилниот не се јавил оти бил на интервенција за синусите.

По ова двајцата се скараа и Кацарска го опомена и му рече : „Господине Дуковски, јас и вие не сме на улица за да ми се обраќате со таков тон. И онака веќе премногу ви е дозволено и претеравте во оваа судница. Немојте случајно да сте помислиле да ми се обратите уште еднаш и да зборувате во судница без да добиете одобрение од судот“.

По ова судијката Кацарска даде пауза од еден час за да може адвокатот на обвинетиот Митко Чавков да ги разгледа доказите кои беа предложени од одбраната.

Total
0
Shares
Поврзани објави