Новата еколошката такса го крена стопанството на нозе, граѓаните бројат трошоци за в џеб

Зголемувањето на еколошката такса за горивата нема драстично да ја намали потрошувачката, но зголемените цени негативно ќе влијаат на стандардот на граѓаните. Експертите посочуваат дека ова зголемување во момент кога расте цената на суровата нафта на светските берзи, а граѓаните и стопанството се уште чувствуваат последици од економската криза предизвикана од пандемијата, дополнително ќе го зголеми товарот.

Од Стопанската комора на Северна Македонија за Фактор велат дека таксата ќе ги зголеми трошоците на работењето и ќе ја намали конкурентноста. А додека стопанството пресметува каков ќе е конечниот ефект, премиерот Зоран Заев кој во претходните два дена ја најави и ја дообјаснуваше еколошката такса вели дека со ова нема да се подгрее инфлацијата, а Владата на ваков начин ќе ги зголеми буџетските приходи со влог во Еколошки фонд кој ќе промовира искористување на обновлви извори на енергија.

Стопанствениците, велат од комората се свесни иднината носи нераскинлива врска помеѓу водењето на бизнисот и водењето на државните економски политики, од една страна, и грижата за животната средина и почитувањето на стандардите за најзина заштита, од друга страна. Сепак очекуваат раст на цените и трошоците. Бараат расправа за прашањето.

извор: faktor.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави