Нови 68 позитивни на корона вирусот, 14 на респиратор

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови:

– Скопје 15
– Куманово 18
– Прилеп 14
– Тетово 2
– Струга 10
– Велес 6
– Битола 1
– Гостивар 1
– Кочани 1

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.

На инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Тие се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.

Total
0
Shares
Поврзани објави