Новите заразени се вработени во велешката болница и скопска Онкологија

Две медицински лица од велешките здравствени институции се дел од новите шест случао на лица заразени со коронавирус во Велес.

Еден потврден случај на коронавирусот има кај медицинско лице, кое е вработено во итната медицинска помош во Велес.

Од велешкиот здраствен дом за Батали оваа вест ја потврди и портпаролот на Здравствениот дом во Велес, д-р. Страхил Тодоров.

Според извори на веб порталот Ти реков ми рече, заразен со коронавирус има кај еден вработен на Инфективното одделение во велешката болница.

Вработена во клиниката за онкологија, е заразена со коронавирусот, потврдува за ТВ 24 директорот Нино Васев кој ја добил информацијата од семејството на заразената. Пациентката е хоспитализирана е во општата болница „8 септември“ и според информациите на тв 24 се наоѓа на кислородна поддршка.

Заболената, според Васев работела како тарнспортерка и пренесувала медицински материјал, а во одредени случаи и пациенти на дополнителни прегледи надвор од клиниката за онкологија.

Васев тврди дека пациентката со ковид-19 10 дена не доаѓала на работа со оглед на тоа дека на онкологија работата во групи. Но, сите останати кои биле со неа во смена ќе останат во изолација.

Total
0
Shares
Поврзани објави