Ново барање за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија. Барање за екстрадиција ќе биде испратено и до Унгарија за поранешниот премиер Никола Груевски кој е таму како азилант, информираше денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во врска со екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски тој рече дека последниве три недели немаат добиено никакви нови одговори.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27 април 2017 година во Собранието. Оттогаш Груевски е во бегство во Будимпешта, а на 27 јуни 2019 година, Судот во Будимпешта одлучи да не го екстрадира поранешниот македонски премиер. Груевски се бара и за издржување на казна и за злоупотреба на службената положба.

Total
0
Shares
Поврзани објави