Нуредини: Ако сакаме чист воздух мора да го смениме начинот на греење

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини предвидува дека и во иднина ќе дишеме загаден воздух се додека не го смениме начинот на греење, не ја модернизираме мобилноста и не ги контролираме подобро индустриските емисии.

Министерот Нуредини во интервју за МИА вели дека податоците од мониторинг системот за квалитет на воздухот покажува дека во периодот околу 16-17 часот до полноќ, концентрациите на PM10 се зголемуваат најмногу.

„Влегуваме во грејната сезона кога настанува и температурната инверзија. Според анализите што ги имаме, забележани се неколку дена со благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 на одредени мерни места.“ тврди Нуредини.

Според него, загадувањето во зимскиот период најмногу придонесува начинот на кој ги загреваме објектите, но  и застарениот возен парк и индустријата.

„Денес живееме во поголеми станови и згради, а сепак не сме го промениле начинот на загревање. Резултат на тоа е дека загреваме многу повеќе простор од порано, а се уште ги користиме истите методи како тогаш “, смета тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави