Oдложена депортацијата на Новак Ѓоковиќ

Австралија се согласи да ја одложи депортацијата на Новак Ѓоковиќ, на кого денеска по вторпат му беше укината визата, што беше дискреционо право на министерот за имиграција Алекс Хок.

„Австралиската влада нема да преземе постапка за депортација пред да се донесе судска одлука“, изјави адвокатот Стивен Лојд, додавајќи дека се согласува целосно сослушување да се одржи в недела.

Ѓоковиќ не беше вратен во притвор откако му беше укината визата, но, според Лојд, владата предлага тоа да се направи утре.

Набргу откако министерот Хок ја соопшти својата одлука по пет дена чекање, адвокатите на Ѓоковиќ кажаа дека ќе бараат налог да се спречи негова итна депортација. Случајот го води истиот судија кој во понеделникот му ја врати визата на Ѓоковиќ и на денешното рочиште тој предложи забрана на депортацијата до утре попладне. Договорено е Ѓоковиќ да присуствува на интервју со имиграциските власти утре наутро по локално време, односно вечерва во 22 часот по македонско време.

„Сè уште постојат неодговорени прашања, особено зошто на Ѓоковиќ му било дадено медицинско изземање од вакцинирањето“, кажа судијата Ентони Кели.

Адвокатот на Ѓоковиќ, Николас Вуд, ја нападна австралиската влада поради начинот на кој донесува одлуки. Тој смета дека визата не била укината зашто Ѓоковиќ не е вакциниран, туку за да не се поттикне антиваксерското движење во Австралија.

Премиерот Скот Морисон изјави дека визата е укината за да се заштитат жртвувањата на Австралијците за време на пандемијата.

Total
1
Shares
Поврзани објави