Обезбедена е крвна плазма за третман на 23 заболени од Ковид 19

Во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв. Со ова обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со ковид-19.

На Светскиот ден на крводарителството – 14 Јуни, ја испраќаме пораката дека дарувањето крв е највисокиот чин на хуманост и алтруизам, со кој се спасуваат човечки животи.

Оваа година, овој ден го одбележуваме во знак на дарувањето крвна плазма – кој претставува лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Им се заблагодарувам на сите наши херои, крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конвалесцентна плазма за грижата која ја покажуваат. Упатувам апел сите излекувани лица од овој вирус да даруваат крвна плазма и заеднички да им помогнеме на нашите сограѓани, побрзо да го спречиме ширењето на коронавирусот. Дарувај плазма, спаси живот“-вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Кој и како може да дарува? На овој линк: https://bit.ly/30ufhA4

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се затвораат сите Ковид центри на интерните клиники во Скопје: Болни од ковид ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Инфективната Клиника

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти…