Обивнителите од бившото СЈО бараат извинување од Пендаровски

Поранешни вработени во стручната служба и административно-техничкиот персонал на бившото СЈО реагираат на говорот на претседателот Стево Пендаровски за Илинден во Пелинце.

Тој изјави дека „граѓаните со право се разочарани од обвинителството кое беше симбол за расчистување со организираниот криминал, а се распадна оти и самото стана дел од организираниот криминал“.  Екс вработени во СЈО сметаат дека Пендаровски недвосмислено зборува за СЈО, при тоа поистоветувајќи ги сите вработени, како да се тие дел од организиран криминал.

– Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран. Ниту една постапка на вработените во сега веќе укинатото Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не придонесе за распад на институцијата, туку истата беше укината со политички договор како што беше и создадена, се вели во реакцијата.

Тие бараат јавно извинување од претседателот на државата. Пендаровски во Пелинце рече дека мора да се бориме со криминалот и високата корупција.

Како што е веќе познато, поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева во криминалната афера „Рекет“ е осудена на 7 години затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави