Објавени последните пораки на починатата Ирена, дали во нив се крие вистината за нејзината смрт?

Откако „Слободен печат“ неодамна објави за смртта на 33 годишната пациентка, која првично беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, а потоа и беа направени три операции, сега стапи во контакт со нејзината сестра со која комуницирала во последните мигови пред смртта.

– Би сакала на народот да му покажам што ми пиша додека беше во болница. Сите да видат и да прочитаат дека беше жива ја кажа вистината за фаталната грешка на лекарите, вели Билјана, сестра на починатата пациентка.

Пораките кои ќе ги објавиме ја покажуваат болката и голготата како и стравот од исходот од оперативните зафати, низ која поминувала младата пациентка со потекло од Охрид, а живеела во Скопје.

Нејзината сестра Билјана исто така јавно го објави и отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија.

Претходно „Слободен печат“ пишуваше за обвинувањата на семејството и сомнежите дека смртта настапила поради лекарска грешка. Резултатите од обдукцијата кои ќе дадат одговори на многу прашања, за тоа што се случувало во операционите сали, ќе бидат готови до крајот на мај.

Резулатаите од обдукцијата к ебидат познати кон крајот на месецот.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Нотарски потпис, лична карта и не се плаќа – активистката Бранкица Димитровска и други собираат потписи лицата со попреченост да влезат во Парламент со независна листа

Активистката за правата на лицата со попреченост Бранкица Димитровска, заедно со други лица со попреченост, родители на деца…