ОБСЕ предупредиле да се зајакне информатичкиот систем на ДИК, никој не послушал

Додека полицијата и обвинителството се уште рабоатат на откривање на виновниците што на денот на избори ја бутнаа веб страната на Државната изборна комисија, во јавноста се погласно се зборува за одговорноста и на луѓето што се грижеле за информатичкиот систем на ДИК.

За ваквите слабости на ДИК се зборува и во прелиминарниот извештај на Наблудувалката мисија на ОБСЕ, која потсетува дека во претходните извештаи ги предупредувале македонските власти за потребата да се зајакне информатичко-техничкото одделение со постојан и квалификуван персонал.

„Недостатокот на постојан персонал во правното и информатичко-техничкото одделение го намали целокупниот оперативен капацитет на ДИК, и покрај претходните препораки на ОДИХР“, се истакнува во последниот извештај на ОБСЕ.

Ваквата оценка на ОБСЕ води до заклучок дека одговорноста не е само на криминалците однадвор коишто го извршија нападот, туку и на самата ДИК и на владата, кои не успеале, иако биле предупредени, да изградат систем отпопрен на такви упади.

Слично размислуваат и експертите по сајбер криминал во земјата. Горан Митрески, главен извршен директор и сопственик на кабтел, за порталот Фактор ги поставува истите прашања.

„Дали инфраструктурата на ДИК е адекватно и доволно заштитена од сајбер напади, дали ИТ персоналот кој ја опслужува таа инфраструктура е соодветно едуциран и доволно обучен да ја менаџира новата серверска платформа ако се знае дека истата влегла во оперативна употреба само 2 месеца пред изборите“, прашува Митревски.

Тој вели дека е нејасно дали апликацијата е тестирана функционално и безбедносно, па и дали се преземени сите мерки во поглед на обезбедување на редундантност на ИТ системите.

„Очигледно треба да се знае дали постојат јасно дефинирани процедури и протоколи за „Во случај да …, тогаш …“, но и дали се јасно дефинирани зоните на одговорности на сите чинители во процесот“, објаснува Митревски.

Според него, нападот во кој се вклучени 35 милиони IP адреси, чини многу пари, а многу побитен е мотивот на нарачателот на нападот да „фрли“ толку многу пари.

„Општо познат е фактот дека во криминалистиката истражителите во принцип истрагата ја започнуваат со мотивот. И секако зошто серверот на ДИК остана нефункционален доста долго време, додека серверот на time.mk беше функционален релативно брзо по вториот напад?“, прашува тој.

Митревски тврди дека во земјата за сајбер безбедноста не се води доволно сметка, иако земјата стана членка на НАТО, а на клучни ИТ позиции се вработуваат недораснати луѓе на проблематиката. 

Спопред него, проблемот чежи и во образовниот систем и системот на стручно усовршување, кои се дерогирани до ниво на полу-функционално образование, како и  на политизацијата и партизацијата на јавната администрација,

„Политичките партии при промена на власт мора да сфатат дека при политичките пазарења ИКТ сегментот мора да биде оставен на професионалци и надвор од дофатот на дневната политика“, вели тој.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави