Обвинение и притвор за избеганиот поранешен главен чистач на Владата

Васе Доневски поранешен директор во владиниата служба и Газдата на фирмата „Секјуриком“, Австриецот Волфганг Гампер зарабоија обвинение и куќен притвор за првиот и притвор за вториот поради малверзации со тендер за извршување услуи во Владата. Австриецот е во бегство, а двајцата се сомничат за 11 милиони евра наместен тендер.

“Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица. На осомничените им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од јуни до август 2015 година, првоосомничениот како директор на владина служба потпомогнат од второосомничениот – како сопственик на правно лице, свесно и со умисла, ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера да прибават значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и за правното лице. Осомничените договориле спроведување на постапка за јавна набавка во која предмет на јавната набавка било одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи.

Постапувајќи спротивно на член 36-а од Законот за јавни набавки, осомничените имале за цел да ја избегнат должноста за претходна согласност од Советот за јавни набавки. Во текот на постапката постапиле спротивно и на член 43 став 1 од Законот за јавни набавки кој предвидува дека учесниците во подготвување на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови на група на понудувачи во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Првоосомничениот и покрај направените пропусти не постапил согласно член 169 од Законот за јавни набавки и не ја поништил постапката. Тој злоупотребувајќи ја службената должност со преземенетите дејствија го фаворизирал правното лице на второосомничениот, овозможувајќи само една понуда во тендерската постапка, со што била оневозможена аукција за постигнување негативно наддавање за пониска цена, а на штета на Буџетот на РМ во износ од 660.834.855 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првоосомничениот. За второосомничениот, кој моментално е недостапен за органите на прогонот и по кого е распишана меѓународна потерница, со Решение е определена мерка притвор сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода”.

Total
0
Shares
Поврзани објави