Обвинение за Милошоски , прв активен случај од згаснатото СЈО

Обвинителството го официјализира првото обвинение по згаснувањето на СЈО и тоа за сличајот Моќник за кој меѓу 13 лица што беа опфатени во обвинителниот акт е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и неговиот татко.

Случајот беше отворен пред две ипол години, а истрагата која ја водеше обвинителката Фатиме Фетаи заврши на 5-ти март. Од тогаш до денеска се чекаше осомничените да направат увид во предметот, а сега откако обвинителниот акт е поднесен се очекува одлука на Кривичниот суд дали ќе го прифати обвинението..

Во овој случај осомничени се 13 лица, од кои за 10 е поднесен обвинителен предлог. Пратеникот се товари дека како исклучително моќен пратеник влијаел багателно да се распродава државен имот во Македонски брод на неговиоттатко, со што е нанесена штета од околу 50.000 евра.

“ Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом”, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница. – стои во соопштението на јавното обвинителство.

Освен измамата околу нелегалната продажба на објектот, со овој случај е опфатена и нарачана лустрација од Милошоски. Па затоа, освен за пратеникот, обвинение е поднесено и за поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев., кого според обивнитлството пратникот го поттикнал да отвори повторна постапка за лустрација на судијата Драги Билески.

Милошоски за обвинението на социјалните мрежи искоментира дека е алатка на власта против неистомислениците.

Total
0
Shares
Поврзани објави