Од 90 починати на Инфективна, многумина не се јавиле ни на матичен

За зголемениот број починати од коронавирусот, директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, денеска одговор дека речиси 50 отсто од пациентите кои починале во оваа установа, биле предоцна донесени, без претходна консултација со лекар, а дека дома се лекувале со денови.

– Требаат прецизни анализи за прецизно да се дискутира за смртните случаи. Од повеќе од 470 пациенти досега, имаме 90 кои за жал, починаа. Најголем дел од нив се донесени на лекување по 10-15 дена самолекување, односно без претходна консултација на лекар. Еден друг дел од болните се донесени кај нас откако повеќе од една недела се самолекувале. Нашите математики се дека 50 отсто од пациентите се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил поинаков ако тие биле донесени навреме или барем консултирале матичен лекар – вели д-р Стевановиќ.

текстот продолжува на плусинфо.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави