Полицијата соопшти дека вчера во 16.55 часот, телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје, граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Минувачи притрччале да помогна и жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот, се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, доктор констатирал дека ѓената починала.
Жената и е утврдено дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил додека двете сестри се шетале покрај Треска, М.Ц се лизнала и паднала во водата. Увид извршен од Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .
Поврзани објави
Повторно уапсена Моника Конопова, полицијата пронашла 5 грама канабис
Околу 18 часот синоќа на улица во Куманово, лишeнa од слобода е Моника Ристеска, по што е извршен…
Црна Гора ги отвара границите за македонските граѓани
Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и…
Спасени двајца жители на село Горно Мелничани
Расчистен е патниот правец кон селото Горно Мелничани и двајца жители се евакуирани, соопшти Дирекцијата за заштита и…
ФОТО: Запалени 8 нови контејнери, оштетени и возила
Во текот на изминатата ноќ непознати сторители запалиле осум контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите…