Од денеска почнува лекувањето на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и озонотерапија

Заболените од Ковид-19 од денеска ќе се лекуваат со крвна плазма, како и со примена на озонотерапија во болницата „8 Септември”. За денеска е закажана првата екстракција на плазма која ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина.

Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација.

Како што рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, има публикации и искуства од други земји, и врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8 Септември” направил детална анализа на навистина обемна литература и заклучил дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти.

фото – илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави