Oд идната недела олабавување на мерките

Комисијата за заразни болести денеска треба да ја разгледа можноста за олабавување на КОВИД-мерките и за укинување на полицискиот час, а прва тема за дискусија на состанокот ќе биде носењето маски на отворено.

Одлуката на Комисијата зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација и на параметрите, но и од предвидувањата и информациите за КОВИД-соевите како индискиот, кои се потенцијален ризик за државата.

Во меѓувреме, бројот на заразени стивнува, а вакцинирани се речиси 228.000 граѓани.

Последниот официјален КОВИД-биланс е 53 нови случаи, 111 оздравени и 13 починати лица.

Поради ова, надлежните очекуваат ублажување на мерките од идната недела. Владината Група за процена едногласно реши да предложи продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на КОВИД и спречување на неговото ширење.

Total
0
Shares
Поврзани објави