Од коронавирусот почина диџеј Ицко од „Антена 5“ радио

Утрина стигна вест дека познат македонски диџеј ја изгуби битката со корона вирусот. Диџеј Ицко од Антена5 почина од компликации од вирусот.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

Ицко ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

Total
0
Shares
Поврзани објави