Од коронавирусот починаа 9 пациенти од кои двајца на возраст од 23 и 29 години

Нов и загрижувачки биланс во однос на починати лица од корона вирус е забележан во изминатово деноноќие во Македонија откако починаа дури девет пациенти опд кои има две лица и со 23 и 29 години. Министерството за здравство соопшти дека починатите се од шест градови во земјава.

-Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г), се наведува во информацијата.

Во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 50,Куманово 6,Штип 4 ,Прилеп 5 ,Тетово 7,Струга 3,Велес 1,Битола 4,Охрид 2 ,Гостивар 1,Струмица 9,Крива Паланка 1,Кочани 1,Берово 1,Делчево 2  и Кичево 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје 46,Штип 6,Прилеп 8,Тетово 9,Велес 1,Охрид 3, Гевгелија 1,Струмица 2,Крива Паланка 2,Кочани 2,Македонски Брод 5,Пехчево 4,Берово 4,Виница 2,Делчево 6,Свети Николе 1 и Кичево 2

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846, информира Министерството.

Total
0
Shares
Поврзани објави