Од Скопје во Финска слетале 43 позитивни патници на Ковид 19

Сите 115 патници кои во саботата слетале од Скопје во Турку, Финска, се префрлени во карантин во овој град. Градот Турку во саботата информираше дека 95 проценти од патниците по слетувањето биле тестирани за присуство на коронавирусот и вчера вечерта 12 од нив добиле позитивен резултат, пишува Слободен Печат.

Градот Турку во југозападна Финска почна да ги тестира сите патници што доаѓаат од летови од Скопје на 8 август. Оттогаш, тестирани се патници од 3 лета од главниот град на Македонија и вкупно инфицирани со Ковид 19 биле 43 патници.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави