Одложен затвор за Јанкулоска до јули

Основниот суд Скопје 1 соопшти денеска дека пресудата на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ 46/18 од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите означен како „Тенк“ со која жалбата на Г.Ј., на која и се судеше во раздвоена постапка, делумно се уважува на начин што се преиначува првостепената пресуда во делот на казната, заедно со списите од предметот е доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

– Со оглед дека со доставата конечно се создадени услови за постапување по предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на одбраната на обвинетиот Н.Г., предметот „Тенк“, заедно со списите од раздвоената постапка, веднаш се доставени на надлежно постапување во Врховниот суд на Р.С.М.

Судот потсетува дека неколку пати се обратил до Врховниот суд со предлог да се достават фотокопии од предметот по кој постапуваше Апелациониот суд, за да не се одолговлекува постапката, но не добиле повратен одговор.

Што се однесува до пресудата на Апелациониот суд со која делумно се уважува жалбата на Г.Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, истата веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции кој постапувајќи по барање на обвинетата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година заради чување на дете.

Јанкуловска е осудена на затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави