Одлуката дали главниот град ќе оди во карантин ќе се знае од понеделник

Градоначалниците на скопските општини во понеделник ќе бидат викнати на состанок со Комисијата за заразни болести.
Првично состанокот требаше да се одржи денеска, но сепак е одложен за понеделник.
Информацијата за Досие.мк ја потврди и Министерот за здравство, Венко Филипче.

Според најавите се очекуваше на денешниот состанок да бидат повикани и градоначалниците, кои треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот во главниот град.

Директорката на здравствениот и санитарен инспекторат Ирена Сотирова-Бухова вчера изјави дека зголемениот број новозаразени е исклучиво од непочитување на препораките, но и поради недавањето податоци за контакти.

Во меѓувреме во Македонија регистрирани се 40 поголеми кластери на заразени, од кои половината се во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави