Одлуката за отворање на границите е тешка, појавата на новите случаи со ковид-19 може да се менаџираат со рана детекција, вели Фабио Скано

„Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “, рече Скано.

Отворањето на границите е тешка одлука, но здравствената состојба со ковид -19 може да се менаџира, треба да обезбедиме рана детекција без експлозивно ширење на заразата, рече советникот на регионалниот директор на Светската здравствена организација Европа Фабио Скано, кој од понеделникот е во посета на Македонија.

„Кога се отвораат границите најважно е да видиме за каква трансмисија се работи, да ги изолираме случаите и да ги ставиме во изолација контактите. Сите напори треба да се насочат кон индивидуите за да се намали ширењето на вирусот“, рече Скано на заедничката прес конференција во Владата со министерот за здравство Венко Филипче.

Состојбата во Македонија е загрижувачка, да не се опуштаме и да го спуштаме гардот

Според него одговорот на Македонија на пандемијата бил навремен и агилен, а сега со почитување на мерките за заштита треба да се вратиме на претходната патека.

„Одговорот кој Владата го постави беше силен и агилен. Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “, рече Скано.
Тој рече дека здравствените власти и институциите навреме презеле мерки уште пред појава на првиот случај во земјата и дека Македонија е многу транспарентна во споделување н информациите за смртноста на заболените.
„Одговорот кој Владата го постави беше силен и агилен. Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “, рече Скано.
На новинарско прашање како ќе ја коментира зголеменат смртност во Македонија на лица заболени од ковид 19 Скано рече дека државите на различен начин ги одредуваат причините за смртноста и дека не треба да се прават такви споредби со другите земји.
„Она што можам да го кажам е дека Северна Македонија е многу транспарентна во однос на споделување на информациите за луѓето што починале од ковид-19. Ова ни помага да научиме повеќе за болеста. Во овој контекст сметам дека е мошне важна точка. Не треба да се споредувате со други држави, треба да видите како се ширела епидемијата во останатите држави“, рече Скано.
Повторното појавување на нови жаришта според Скано може да се менаџира, ако Владата и целата заедница работат во цврста спрега.
„Северна Македонија, до неодамна беше од најдобрите примери за одговор на кризата во регионот на Европа и може да биде повторно. Акциите кои се преземаат овие денови, и во недели и месеците кои следат ќе бидат критични за да се спречи ширењето на инфекцијата и да се спасат животи“, рече Скано.

Total
0
Shares
Поврзани објави