Завчера на граничниот премин Меџитлија кај Битола, Министерството за внатрешни работи му го одзела пасошот на егзарх Јован Вранишковски. Според групата следбеници на екс владиката на МПЦ – ОА, МВР не дало објаснување за одземање на пасошот. Според ПОА “таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото”.
Групата на Вранишковски тврди дека со верскиот прогон, Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија.
Најмалку тројца негови блиски соработници се на високи позиции во владата на Заев а еден е раководител на владиниот тим за пропаганда, пренесуваат медиумите и социјалните мрежи.
Поврзани објави
Охриѓанки без да знаат се нашле со слики на сајт за интимни контакти
Фотографии на Охриѓанки осамнале на сајт за лични контакти иако тие мислеле дека ги сликаат за манекенки. Полициата…
Адвокатот Туфегџиќ бара таткото на Вања да оди во куќен притвор
Осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и воедно нејзин татко Александар Ѓорчевска да оди во куќен притвор, наместо…
Словенија се откажа од воведување задолжителна вакцинација
Словенечките епидемиолози не ѝ препорачуваат на владата да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19. Сепак, тие сугерираат дека поради зголемениот…
Воз удри во автомобил кај Кондово
Автомобил марка „ситроен“ изутринава заврши под локомотива ма македонски железници додека поминувал преку пругите кај скопското село Кондово.…