Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, или ќе стане загрозено подрачје на УНЕСКО

Засега Охрид нема да биде прогласен за загрозено подрачје, но УНЕСКО им даде рок на македонските власти до февруари следната година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства. Ова беше одлучено на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан.

„Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината унверзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност.“

Главното барање на УНЕСКО е прогласување на мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Претставниците на Комитетот на УНЕСКО и на Меѓународната Унија за конзервација на пририродата (IUCN) побараа Охрид да биде прогласен за загрзено наследство затоа што „најголем дел од препораките не се исполнети“. Тие потсетија на нивните препораки уште од 2013 година.

Од македонската делегација зборуваше министерот Едмонд Адеми, кој кажа дека Владата ја запрела изградбата на ски центарот на Галичица и дека редовно се проверува квалитетот на водата, а формиран е Координативен тим кој ќе работи на исполнување на сите препораки.

Но, инспекциските служби во Охрид неодамна констатираа 1.076 случаи на нелегална градба, од кои 409 се во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. Она што досега е направено е тоа што Општина Охрид е изработката на регистарот на нелегални градби согласно препораките на УНЕСКО и ги тргна палмите и дел од билбордите од кејот, во центарот на градот.

Според невладината Фрон 21/42, доколку Охридскиот регион се прогласи за светско наследство во опасност, тоа ќе биде единствена шанса за негов опстанок.

„Ставањето на Охрид на листата на светски наследства во опасност не значи тргање на заштитата на УНЕСКО – напротив, значи зајакнување на заштитата. Токму ова е неопходно за да се стопира трендот на деструкција и создадат услови за враќање на поволна состојба на вредностите. Одење на листата не значи губење на статусот, значи дека советодавните експертски тела на УНЕСКО (врвни светски експерти за природа и културно наследство) директно ќе се вклучат во изработка на Посакувана состојба и сет на корективни мерки. Постојат многу примери во светот каде ваквиот потег донел спектакуларни резултати и во речиси безнадежни случаи целосно се вратени Исклучителните Универзални Вредности“, велат од Фронт 21/42.

Total
0
Shares
Поврзани објави