Охрид се гуши – депонијата Буково ја одржува фирмата на газдата-советник на дивоградбата кај Чинарот

Во Охрид ноќеска од чад не се дишеше. Депонијата во Буково чади, запалена е и гори од неделата. Ѓубрето треба да се затрупа со земја за да престане да гори. Фирмата која е задолжена за затрупување на отпадот и за одржување на депонијата е на Нефи Усеини, советникот кој си гради кај чинарот без дозвола и ич мува не го лази. Никој ништо не му може. Држава во држава.

🔻 Една од препораките на УНЕСКО е затворање на депонијата во Буково. Годивје, локацијата за новата депонија според планот за Југозападниот регион не е соодветна зошто е во сливот на Охридско езеро заштитено од УНЕСКО. Според Комисијата за управување со природно и културно наследство за охридскиот регион која што е формирана на почетокот на годината се преговара за изнаоѓање на нова локација. Нова локација уште нема.

Градоначалникот на Охрид вчера кажа дека најтешко решлива е препораката за постапување со депонијата Буково, која е една од ретките по која досега не е направено ништо.

🔺 Депонијата во Буково е со висок ризик за животната средина. Во Планот за затворање на нестандардни депонии стои дека „Целата површина е 6 Ха, а количеството на фрлен отпад околу 200 000 м3. За време на посетата, отпадот гореше и свињи бараа храна на депонијата. Едно семејството на собирачи живее во близина на пристапниот пат во неверојатни околности.“

🔺 Затворањето на нестандардните општински депонии во државава требаше да се случи во рок од 8 години т.е. до крајот на 2020 година и процесот да се изведува паралелно со отворањето на новите регионални депонии. Уште година и пол остана од рокот, а ние сме до НИКАДЕ.

Недозволив застој има на ова поле, како и на секое друго кое се однесува на животната средина и загадувањето.

Влада на Република Северна Македонија Општина Охрид Константин Георгиески – официјална страна Бидејќи сериозно ги земате препораките на УНЕСКО и ќе се фрлите на работа, утврдете нова локација за депонија во Југозападниот плански регион и започнете со нејзино отворање, а воедно со затворање и ремедијација на депонијата во Буково и другите 87 диви депонии во овој регион.

🔴 Во меѓуврме, додека не ја затворите, депонијата во Буково НЕ СМЕЕ да гори и тој што стопанисува треба да се грижи и да одговара за неа. Во случајов фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини.

извор : O2 Иницијатива 

Total
0
Shares
Поврзани објави