Охридски газда на вработените им плати одмор во Турција

Сопственикот на ИТ Кафе во Охрид ги испрати своите 140 вработени на платен одмор во Турција, стои во објава на Твитер.

-ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive. Многу од нив прв пат се качија во авион,пишува на Твитер.

На фејсбук-профилот на овој објект на 11 септември е споделена објава која гласи дека периодов ИТ кафе нема да работи поради колективен одмор на вработените.

Total
0
Shares
Поврзани објави