Онлајн настава не може да биде замена за редовоното образование

Онлајн настана не е еднакво на образовиние и има свои ограниувања, тврди Слаѓана Јакимовиќ, доктор по математички науки и редовен професор по математика, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во анализата за порталот Деца.мк.

„Тврдам дека овие два процеса не се ниту еднакви ниту еквивалентни“, вели Јакимовиќ.

Невозможно да се очекува секој родител да биде наставник по секој предмет на своите деца и да им овозможи подлабоки разбирања во сите наставни подрачја, смета таа.

Според професорката, овој облик на настава не го вклучува механизам за мерење на ефектите од следењето онлајн-наставата. „Грешките сами по себе не се проблем, кој работи, тој и греши. Проблем е отсуството на механизам за проверка и поправка“, додава Јакимовиќ.

Оваа наставата нема свој идентитет, нема двонасочна комуникација, а ученикот е пасивен гледач на презентацијата и нема можност за интеракција, со што мотивацијата за следење драстично опаѓа.

„Ако образованието се сведе на онлајн-настава во текот на подолг временски период (повеќе месеци), сите деца ќе емигрираат во виртуелната реалност и ќе се отуѓат од своите врсници, но и од самите себе“, предупредува Јакимовиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави