Онлајн настава не следат 20 отсто од учениците

Дваесет проценти од училиштата се уште имаат проблем со онлајн наставата.  Немаат пристап до Интернет, ниту пак ги имаат потребните уреди за да држат предавања од далечина.

Министерката за образование и наука, Милка Царовска вели дека проблемите се решаваат тековно, а добрите резултати кај учениците не се резултат на технологијата туку на квалитетниот наставен кадар.  

За недостатокот од кадар Царовска вели дека таму каде што ќе нема доволен број на наставници општините можат да вработат наставници на одредено време.  

„Општините имаат можност по итни и неодолжни постапки веднаш да ангажираат до три месеци наставници и тоа ќе се случува затоа што навистина е потребно во училиштата да има доволно наставен кадар за да ја реализираме квалитетно оваа учебна година.“ – вели Царовска.

Total
0
Shares
Поврзани објави