Онлајн наставата ќе остане до крајот на учебната година

Министерката за образование, Мила Царовска, вели дека актуелниот модел на настава ќе остане непроменет до крајот на учебната година.

Царовска смета дека влошувањето на состојбата со пандемијата исклучува секаква можност за укинување на онлајн наставата.

Бројот на ученици кои следат онлајн настава се зголемил за 18 проценти, а во меѓувреме се анкетираат учениците за редовноста во наставата.

Според неа, до 20 ноември наставниците ќе почнаат да ги оценуваат учениците.

– Постојано сме во дневна комуникација со директорите и градоначалниците за квалитетно да се постави системот на оценување. Доколку наставникот увиди предизвик дека не може да го оцени ученикот преку онлајн настава, ќе има право да го повика на индивидуална средба за да го утврди поквалитетно нивото на знаење кај ученикот, истакна Царовска.

Total
0
Shares
Поврзани објави