Опаѓа бројот на новозаразени со корона

Изминатото деноноќие се регистрирани нови 820 случаи од направени 2019 тестови. Министерството за здравство соопшти дека починати се 32 пациенти, а оздравени 895 пациенти.

Најголем број од новозаболените се од Скопје – 279 по што следуваат Битола со 58, Куманово со 49, Тетово со 42, Штип со 39, Гостивар со 37, Кавадарци со 34, Струга со 33, Струмица и Гевгелија со по 25, Охрид со 24, Неготино со 21, Велес со 19 и Прилеп и Кочани со по 15 случаи.

Од починатите, најмладиот е на 55-годишна возраст, а најстариот на 95-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Министерот за здравство Венко Филипче со апел до граѓаните во претстојниот период на слави и прослави да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.

„Славите, прославите и семејните собири беа причина за влошување на епидемиолошката состојба за време на првиот бран, да не дозволиме тоа повторно да се случи. Заштитете се себе си и сите околу вас“, напиша вчера Филипче на Фејсбук.

Според информациите што вчера ги објави Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1282 и има колку 190 празни болнички кревети, но, како што посочува, бројките се менуваат од час во час во зависност од направените приеми и исписи.

Total
0
Shares
Поврзани објави