Оперативна акција “Бегалец”- фатен осуден на 19 години затвор

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи за помалку од 24 часа приведоа четворица криминалци барани со потерници за издржување затворска казна во траење од 41 година.
На 15.12.2020 во 03 часот, постапувајќи по Оперативната акција „Бегалец“ полициски службеници од СМПС-Отсек за потрага во близина на граничен премин Табановце го приведоа М.З. (39) Скопје по распишана меѓународна потерница во врска повеќе кривични дела и ефективна затворска казна од 19 години.

На 15.12.2020 год.во 02 часот полициски службеници од СМПС – Отсек за потрага со асистенција на Единица за специјални задачи го приведоа А.Ф. (28) од Скопје баран со две централни и меѓународна потерница за вкупна казна затвор од девет години и шест месеци во КПУ Затвор Идризово.

На 14.12.2020 година во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул.„Страшо Пинџур“ бб го приведоа Г.Е. (43) од Тетово кој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ, а се барал од 2008 година.

На 14.12.2020 во 10:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со чл.418а ст.2 од КЗ на РСМ за затворска казна од шест години.. Лицето е спроведено во казнено поправна установа.

Total
0
Shares
Поврзани објави