Орце се заебал! – Катица ескалира во судница

Почна мирно дека не е виновна за делата за кои е обвинета за по неколку реченици поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева да нареди куп вулгарности кои се дел од нејзиниот завршен збор. Пренесуваме само дел:

Јас да бидам во притвор 9 месеци, за Орце Камчев! Што ќе беше ако имаше шеќер пред мене? Ќе беше кокаин што го шмрка Орце Камчев? Ај што не се докажаа тие нејзини 50.000 евра, ама па да прашам, јас не смеам да имам пари? Па имам пари и сега, сум ги заработила. Јас сум средовечна жена, ги заработив. Јас се одважив да кажам дека на обвинителството му требаат пари. И добивме. Заради мене и вие добивте покачување од 35 отсто, зашто на обвинителството му требаат пари за да гони криминал, кажа поранешната специјална обвинителка.

Не сум виновна, грубо сум изманипулирана од една личност и од неговата сопруга, од Јордан и Ана Камчеви, кои ако би ги знаеле, не би им дозволиле да се приближат до судската зграда, а не па да сведочат. Тие се дно на дното. Дека Орце сакаше да соработува во други предмети и да се приближи, тоа го докажавме. Тој е прљав играч и сакаше да ме купи. Ама мене не може да ме купи. Се заебал!“, кажа Јанева.

Кај нас се работи до крај, а не до 16 часот, па ташната на рамо и оди на ракијка и салатичка. Пијаници и недокажани во животот, остарени, таквите ги одбив во СЈО. А ги имаше многу што сакаа да дојдат, не ги кажувам тука кои се.

Вчера и Бојан Јовановски – Боки 13 жестоко го нападна обвинението велеќи дека не е виновен туку наместен да се спаси Сашо Мијалков. Како што кажа облечен како Тито во бело и како иден лидер на оваа држава тој е жртва на фингиран случај за да Зоран Заев ги спаси главните играчи за гласање на промена на името во Парламентот. Обвини за нелегални активности на власта и блиски роднини на функционери.

Пресудата ќе биде соопштена на 18 јуни.

R.D.

Total
0
Shares
Поврзани објави