Ослободителна пресуда за убиството на полицајците во Арачиново пред 18 години

По 18 години судки процес случајот со убиството на тројца полицајци на влезот на Арчиново пред 18 години се не е завршен. Денеска судот ја соопшти втората ослободителна пресуда, а сега ќе с ечека пресудата да ја потврди и Апелациониот суд.
Еден од обвинетите Лирим Динарица по пресудата кажа дека 100-тина сведоци во текот на судењето изјавиле дека групата обвинети не се вистинските сторители.
-Жално е што во нашата Република Македонија, морам ова да го кажам, во затворите лежат невини луѓе. И не само во овој случај. Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било, изјави Динарица.
Тројното убиство се случи на 11 јануари 2000 година, на влезот во Арачиново. Шестмината обвиенти во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток. На повторената постапка, Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт и за уште едно лице, Емрула Емрулај, а постапката беше запрена за Агим Асани кој беше убиен пред Стоковната куќа „Илинден” во февруари 2007.Тројца од првичното обвинение се веќе починати.
Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили.
#фото Алсат Тв

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави