Османи без одговор дали ДУИ ќе бара федерализација после пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ни потврдил, ниту негирал дека ДУИ ќе бара федерализација во земјата ако процентот на Албанците на претстојниот попис се зголеми во споредба со претходниот.

На прашање на хрватски новинар денес во Загреб Османи не одговорил директно, туку рекол дека Македонија развива автентичен модел на регулирање на меѓуетничките односи и може да послужи како модел за земјите од поблискиот регион.

„Со Охридскиот договор се овозможи создавање на држава на еднакви заедници и на еднакви граѓани и од тој процес нема враќање назад, туку можно е само надоградување во смисла на продолжување на евроатланскиот пат на државата“, изјавил Османи.

Во врска со пописот вели дека тој за Северна Македонија не е само статистичка операција туку е и политичка операција бидејќи според Уставот правата на заедниците произлегува од процентот на застапеноста на заедниците.

Тој очекува да се создаде законски кредибилен процес за пописот во кој сите ќе веруваат и ќе се прифатат резултатите.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Двајца каснати од кучиња

На 14.11.2019 во Полициското одделение Ропотово, Е.Е.(46) од с.Дебреште пријавил дека во с.Дебреште бил каснат од куче скитник…