Османи потврди дека ќе се допрецизира договорот со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека Договорот за добрососедство со Бугарија ќе се допрецизира, но се уште е нејасно во каква форма ќе биде тоа, со анекс на постоечкиот договор или ќе се бара друга форма.

Османи уверува дека работни групи работат на дневна основа на надминување на разликите како да се примени Договорот за добрососедство. 

„Комисиите веќе разговарат за тие прашања, како што се дилемите околу новото кратко име. Ако краткото име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија дека некој тоа може да го интерпретира како  како територијална претензија на историскиот регион Македонија, ние немаме проблем да направиме допопнително објаснување до бугарската страна дека новото кратко име дефинира иста територија , а тоа е политичкиот ентитет, Република Северна Македонија“, објасни Османи.

Премиерот Заев вчера изјави дека нема потреба за нов договор со Бугарија, и дека постојат начини да се допрецизира постојниот во форма на усна изјава, писмена декларација или нешто друго.

Дел од бугарските медиуми во меѓувреме пренесуваат дека Македонија со Бугарија ќе потпише анекс на постоечкиот договор.

За да почнат преговорите за членство до декември, премиерот Заев и бугарскиот пчремиер Бојко Борисов, на 11 ноември во Софија треба да ги надминат недоразбирањата.

Total
0
Shares
Поврзани објави