Осомничениот за убиството на Пино , фан на УЧК и Мистер Бин

Црн круг и црна слика на профилот на осомничениот за убиството на Пино. Според неофицијални сознанија осомничениот за убиството на Пино е од Арачиново исто така младо момче за кое обвинителство и полицијата тврдат дека пукал во главата на Секондо.

Поради истрагата која е во тек нема да го откриваме целиосниот идентитет на осомничениот. Само она што може јавно да се следи на социјалните мрежи и активностите неколку години наназад.

Тој има само 245 пријатели и профилот не му е активен веќе три години. Итересно е да се анализираат неговиот и профилот на Ангела девојката замешана во неразјаснетата смрт на Пино. Таа од вчера поладне е пуштена дома од полицијата и го исклучила профилот.

Сите тројца преку профилите немаат никаква комуникација!

Дури и Ангела со осмничениот бегалец нема никаква врска.

Последните црни слики осомничениот ги ставил на ФБ и го снемаува. Не објавува никакви вести информации слики или било што. Но од неговите јавни објави се гледа дека е голем фан на Голема Албанија и УЧК. Постира многу слики и слави многу борци на УЧК и велича нејзини команданти. Сака брзи автомобили но го сака и комичарот мистер Бин.

Која е релацијата меѓу него и Ангела, зошто Пино од Петровец трча на другиот крај од градот кај неа, го убиваат на трета локација каде стигнува на чуден начин, а телото го откриваат откако дождот ја измил калта, полицијата засега не дава никакви одговори. ДО сега јавноста разбра која е девојката и веќе пред судот да го донесе одлука ја осуди , а бегалецот за кој обвинителството тврди дека пукал никој не го споменува.

До сега полицијата не откри детали каде е автомобилот на Пино и оружјето со кое е убиен.

Утре во Скопје пристигнува неговата мајка од Италија која и сама го открива идентитетот на осомничените и бара најстроги казни, а полицијата едниот го пушта дома. Таа на социјалните мрежи најави дека синот ќе го погреба во Италија.

Најважниот одговор а тоа е МОТИВОТ за ова трилер убиство никој не го знае ниту го открил. Истрагата деталите ги чува , единствено откри дека се работи за една женска особа која била вечерта со Пино пред да исчезне. Така целата јавност се насочи кон осуда на Ангела но јавноста бара и одговори и тоа најважните.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави